Јоханис: Романија по 15 мај ќе воведе „состојба на подготвеност“

Од:

Романија нема да ја продолжи вонредната состојба по 15 мај, но ќе воведе „состојба на подготвеност“ кога ќе дозволи некое мало олеснување на рестриктивните мерки, изјави претседателот Клаус Јоханис.

„Гардијан“ наведува дека Јоханис истакнал дека епидемијата сè уште не поминала и дека романските граѓани ќе мора да бидат одговорни и претпазливи во наредниот период.

Јоханис додава дека ќе дојде до олеснување на некои мерки кои се однесуваат на патувањата, но на луѓето и натаму нема да им биде дозволено да патуваат во групи поголеми од тројца.

– Забраната за собирање на отворен и на затворен простор и натаму ќе биде на сила, рече Јоханис.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски