Јеремиќ: Министерот на полицијата Стефановиќ не може да се извлече од аферата со трговија на оружје

Од:

Претседателот на српската опозициска Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, оцени дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и неговиот татко Бранко Стефановиќ „не можат да се извлечат“ од аферата за трговија со оружје и дека на највисоките раководители на Србија и нивните „деловни помошници“, кумови и роднини со промена на режимот ќе им се одземе сиот имот што нелегално го стекнале, бидејќи новата власт ќе донесе закони за лустрација и потекло на имотот.

-Духот излезе од шишето. Аферата со трговијата со оружје ја доби својата меѓународна димензија и вклучени се меѓународни инстанци. Тие многу се излажаа ако мислат дека ќе бидат заштитени со тоа што оружјето го продаваа во согласност со Американците. Тие во моментов ја имаат американската поддршка, пред се заради нивната подготвеност да го признаат Косово, но еден ден тоа ќе го снема. Ќе ја изгубат, како и Слободан Милошевиќ, Садам Хусеин или Гадафи. Не е далеку тој момент и деновите на напредњачкиот режим се одброени, кажа Јеремиќ во Врњачка Бања.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ додаде дека времето пред промена на власта, и покрај важноста на меѓународниот фактор, зависи пред се од граѓаните на Србија, кои треба „да соберат сила и да кажат дека им е доста“, ослободени од стравот врз кој се темели владеењето на режимот на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

-Нема повеќе наназад, нема извлекување од трговијата со оружје, нема извлекување за плагијатниот докторат на Синиша Мали … И, што е најважно, нема извлекување околу Косово. Многу наскоро, следната година, доаѓа наплатата со пактот со ѓаволот, во кој СНС заради Косово влезе во 2012 година со дел од меѓународната заедница, рече Јеремиќ.

Тој додаде дека дел од меѓународната заедница бара српската опозиција да учествува на изборите, затоа што „знаат дека одлуката на Белград за Косово“ не би била легитимна доколку биде донесена од институции избрани врз основа на избори што опозицијата би ги бојкотирала.

-Единствената цел на изборите пролетта 2020 година е да се даде легитимитет на признавањето на Вучиќ на Косово како независна држава. Бојкотот е единствен начин да се расипе тој план. Ќе направат апсолутно сè за да нè натераат да гласаме на однапред наместени избори. Но ако останеме единствени и не подлегнеме на притисоци и ако истраеме во бојкотот, употребната вредност на Вучиќ ќе стане многу мала во очите на оние што го доведоа на власт, кажа Јеремиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов