Јеремиќ: Аферите на власта не се доволни за да СзС излезе на изборите на пролет следната година

Од:

Нема шанси Сојузот за Србија (СзС) да учествува на пролетните избори, изјави претседателот на Народната партија (НС) и претседавач на СзС, Вук Јеремиќ, наведувајќи дека треба да се создадат услови за фер и слободни избори и потоа да се следи дали тие се почитуваат.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јеремиќ на прес-конференција кажа дека аферите на сегашната власт во Србија повеќе не можат да бидат ставени под килимот и дека и тоа не е доволно за да СзС учествува на пролетните избори.

-Ние ги презентираме во интерес на јавноста, на граѓаните, бидејќи податоците доаѓаат повеќе од кога било, рече Јеремиќ.

Тој најави дека следната недела претставници на Европскиот парламент доаѓаат во Србија на третиот круг меѓупартиски дијалог во српскиот парламент, во кој СзС не учествува, но сигурно ќе се сретне со нив.

-Ние нема да учествуваме во форматот на дијалог во српскиот парламент, бидејќи тоа има ефект на Потемкиновите села, рече Јеремиќ, кој смета дека европските посредници имаат добри намери, но не верува дека ќе успеат.

-Откако започна тој дијалог, ситуацијата драматично се влоши, оцени Јеремиќ, посочувајќи дека Драган Ѓилас е особено мета на напади на режимот на Александар Вучиќ.

Голем број граѓани веруваат дека постои заговор за убиство на претседателот на државата, и дека ние во СзС, а особено Драган Ѓилас, дека тоа го планира, рече Јеремиќ и предупреди дека последиците од ваквите лаги може да бидат погубни.

-Ни се црта целта на челото, пред сè на Драган (Ѓилас), оцени Јеремиќ, а оправданоста за „зголемена агресија на режимот“ ја наоѓа во злоупотребите на властите кои излегуваат секој ден во јавноста.

Јеремиќ потсети на плагираниот докторат на министер за финансии Синиша Мали, наводната вмешаност на таткото на министерор на полицијата Небојша Стефановиќ во трговијата со оружје, како и приказната за одгледување марихуана во фармата Јовањица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов