Јанша задоволeн од договорот на ЕУ за кризниот буџет

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изрази задоволство од постигнатиот договор за кризниот буџет на ЕУ за закрепнување од последиците на пандемијата на коронавирусот.

Според постигнатиот договор, Љубљана ќе може да смета на 10,5 милијарди евра, што е најголема сума од европски извори што досега и била достапна на Словенија.

Јанша објасни дека Словенија во наредните седум години ќе има пристап до средства во вкупен износ од 10,5 милијарди евра, од кои околу 6,6 милијарди од грантовите, 2,9 милијарди од директни финансии и околу 1,6 милијарди за помош на земјоделството.

– Овој договор влева оптимизам во однос на очекуваниот, втор бран на пандемијата оваа есен, рече Јанша.

Лидерите на ЕУ, по неколкудневни маратонски преговори, рано утрово постигнаа договор за повеќегодишниот заеднички буџет и фондот за закрепнување.

Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година.

Фондот за закрепнување на ЕУ изнесува 750 милијарди евра, а се состои од 390 милијарди неповратна помош и 360 милијарди заеми.

Овој фонд ќе биде финансиран со заедничко задолжување на ЕУ на светските пазари на капитал, а рокот за отплата на заемот е крајот на 2058 година.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје