Јанша: Шпионската афера со Хрватска е пукање на Шарец во сопственото колено

Од:

Словенечкиот опозициски лидер, поранешниот премиер Јанез Јанша, оцени дека владината коалиција и премиерот Марјан Шарец не се снаоѓаат на европската политичка сцена, што се покажало и при „последната изнудена шпионска афера со Хрватска”.

Според него, аферата со прислушувањето е „пукање на Словенија во сопственото колено”, бидејќи Шарец свикал седница на Советот за национална безбедност во време кога Хрватска се подготвувала за успешна средба на 16 земји од Централна и Источна Европа со Кина, со која постигнала „неколку политички поени”.

– Забавно е кога гледаме комедија на сцена, но не и кога комедијата се случува во нашата Влада, вели Јанша, алудирајќи на Шарец, дипломиран актер, кој пред да влезе во политиката на јавноста и беше познат како стенд-ап комичар.

Јанша, исто така, рече дека односите меѓу Словенија и соседните земји се многу лоши, како и нејзиниот углед во меѓународната заедница.

– Никогаш откако постои Словенија односите со соседните земји не биле толку лоши, а угледот на државата е помал од кога било, оцени Јанша.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он