Јанша ја повика ЕК да ја утврди вистинската состојба во Словенија

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата Влада се „апсурдни“.

Тој во писмото до претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен напиша дека групата на тој начин ќе има увид во состојбата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија.

„Како што е познато, ЕУ се соочува со многу предизвици. И покрај пандемијата, Словенија одговорно се подготвува да го преземе претседателството со Советот на ЕУ“, напиша Јанша.

Тој одлучи да напише писмо откако постапките на неговата Влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка на „Политико“ која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.

Во писмото, Јанша наведува дека слична ситуација се случила и пред 2008 година, кога Словенија првпат го водеше претседателството со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинари и уредници и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува закана за Унијата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он