Јанша го објави договорот – Словенија на прагот да добие нова влада

Од:

Јанез Јанша на социјалните мрежи го објави договорот за формирање на нова мнозинска коалиција, а со тоа и на нова влада, јави дописникот на МИА од Љубана.

Во медиумите веќе се познати и приоритетите и распределбата на министерствата.

Меѓу приоритетите на Владата се и постепено воведување на шестмесечен воен рок за словенечките граѓани, повеќе пари за општините, помош за младите кои сакаат да купат стан, социјална реформа, нови закони во областа на здравството, воведување на електронски вињетки, како и изградба на нови железнички линии. Еден од приоритетите на новата влада ќе биде продолжување на поддршката на земјите од Западен Балкан и нивниот евро-интегративниот процес.

Што се однесува до поделбата на ресорите меѓу коалиционите партнер, партијата СДС (Словенечка демократска партија) ќе раководи со Министерствата за внатрешни работи, надворешни работи, финансии, животна средини, култура, Служба за дијаспората, како и со Службата за европска и кохезиска политика.

На партијата СМЦ (Партија на Модерен Центар) и припаднаа Министерството за индустриски развој и технологија, тоа за образование, наука и спорт, како и Министерствата за правда и јавна управа.

Партијата Нова Словенија ќе ги добие Министерството за одбрана, труд и социјална политика и Министерството за инфраструктура.

ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) ќе раководи со Министерството за здравство, земјоделие и Управата за демографија.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он