Јанев: Нема воено решение за конфликтот на Блискиот Исток

Од:

Службениот бугарски премиер, Стефан Јанев, денеска разговараше со израелскиот амбасадор, Јорам Елон, а на средбата тој истакна дека Бугарија и Израел историски се тесно поврзани, додека врските меѓу двете земји денеска се силни и се темелат на заеднички интереси и соработка во голем број области од заеднички интерес, објави прес-центарот на Советот на министри.

За време на средбата се разговарало за новите перспективи за продлабочување на плодната соработка меѓу Бугарија и Израел за клучни прашања од заеднички интерес како што се иновации, кибер безбедност, одбрана, медицина, управување со водни ресурси и туризам. Во фокусот на разговорот била и сериозната ескалација на насилството во Израел и палестинските територии.

Бугарскиот привремен премиер истакна дека военото решение не е решение и повика на ефикасен дипломатски пристап. Во овој контекст, Бугарија ги поддржува сите дипломатски напори на ниво на ЕУ и ООН, како и со меѓународните партнери за деескалација на тензиите. Премиерот Јанев ги поздрави чекорите што Израел ги презеде за да ги намали и спречи тензиите и да ја гарантира слободата на вероисповед во Ерусалим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел