Јакуп Красниќи формира нова партија

Од:

Претседателот на косовското Собрание и поранешен генерален секретар и еден од основачите на Демократската партија на Косово најави дека во текот на летото ќе формира нова политичка партија.

За се што е лошо на Косово Красниќи го обвини премиерот Хашим Тачи, бидејќи, тој според него самостојно и без консултации и вистинска расправа ги донесува сите одлуки.

Учествувајќи во емисијата Рубикон на КТВ Красниќи рече дека за него повеќе нема место во партијата, која ја формирал и оти нема иднина за ДПК без демократски промени во неа. Тој додаде дека со таква структура на партијата тешко е дека Тачи ќе ги добие изборите.

Тој призна дека имал разговори со многумина, но и со оние кои се незадоволни внатре во ДПК и другите партии околу идејата за создавање нова партија. Красниќи најави дека мошне брзо јавноста ќе ја запознае со одлуката што ќе ја донесе во врска со ова прашање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска