Јахјага: Жал ми е поради одложување на самитот

Од:

Претседателката на Косово Атифете Јахјага изрази жалење поради одложување на самитот „Процес за соработка во југоисточна Европа“ во Охрид.

Таа оцени дека причина за тоа е непочитување на принципот за сеопфатност и проширување.
Според неа тоа што Косово не беше покането да присуствува на охридскиот самит не претставува допринос на досегашните достигнувања во регионот и регионалната соработка.

-Да се остави Косово на страна во регионалните иницијативи не допринесува на добрососедските односи и не им служи на мирот, стабилноста и процесите за европска интеграција, соопшти кабинетот на претседателката на Косово.

Во изјавата е нагласено дека односите помеѓу државите се градат врз меѓусебна доверба и почитување и дека државите од западен Балкан треба да си помогнат една на друга во интегративните процеси, подавајќи си рака за соработка.

-Република Косово е определена да продолжи да гради односи со секоја држава во регионот на Балкан, особено да промовира мир, стабилност и безбедност како независна и суверена држава – се наведува во изјавата.

Претседателката на Косово го поздрави „принципиелниот став“ на државите кои одбија да учествуваат на самитот во Охрид, бидејќи исклучувањето на Косово не може да се прифати како дел од соработка.

Јахјага истакна дека Косово ќе продолжи да гради добрососедски односи со Македонија, како две соседни држави, кои во сите области остварија соработка за пример.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска