Претседателката на Косово, Атифете Јахјага го посети денеска манастирот Дечани и на православните верници им го честиташе Велигден.
Јахјага во Дечани дојде во придружба на амбасадорката на САД во Приштина, Трејси Ен Џекобсен, командантот на КФОР, Фолкер Халбауер и заменикот на премиер на Косово, Слободан Петровиќ, а ги дочекаа игуменот на манастирот Сава Јањиќ и монасите.
Претседателката на Косово на игуменот Јањиќ и на сите православни верници им го честитапе Велигден, истакнувајќи дека толеранцијата е најголемата вредност во општеството.
-Дојдовме во Дечани на сите православни верници да им посакаме среќен Велигден, со цел ширење на толеранцијата, солидарноста и разбирањето во оваа заедница, рече Јахјага.