Јахјага има мандат до 2016 година соопшти уставниот суд на Косово

Од:

Уставниот суд на Косово соопшти денеска дека претседателката на Косово Атифете Јахјага има мандат до 2016 година и дека амандманот, со кој се предвидува обврската за одржување избори за претседател на Косово шест месеци по усвојувањето на измените и дополнувањата на Уставот, не е во согласност со уставните решенија.

Комисијата за измени и дополнувања на Уставот на Косово побара од Уставниот суд да ја процени уставноста на предлогот за измени и дополнувања на Уставот, во кој во амандманот девет пишува дека претседателката на Косово, треба, согласно политичкиот договор при нејзиниот избор, да поднесе оставка на функцијата шест месеци од усвојувањето на измените и дополнувањата на Уставот на Косово.

Со тоа би се овозможил избор за нов претседател на непосредни избори, а не како досега со избор во Собранието на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски