Јадранско море полно со отпад

Од:

Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море.

Отпадот на Јадранот доаѓа од околу четири милиони луѓе кои живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шест пати во текот на туристичката сезона, наведува меѓународен тим експерти во студија објавена во списанието „Марин Полушн Булетин“.

Како што се наведува, посебен проблем е тоа што станува збор за мало, плитко и полузатворено море кое со Средоземно море, кое исто така е полузатворено и загадено, е поврзано со Отрантските врати, широки само 80-ина километри.

Во јужните хрватските води најголем дел од отпадот, околу 90 отсто, доаѓа преку струите и ветровите, најмногу од Албанија.

Перо Тутман од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит (ИЗОР) вели дека од 70 до 80 отсто од отпадот во морето доаѓа од копното, додека останатиот стигнува преку морскиот транспорт, туристичките активности, наутичкиот туризам, рибарството.

– Медитеранот, за жал, е едно од најзагадениоте мориња затоа што е полузатворен базен, а гравитираат голем број земји со различни цивилизации. Тоа се бројни земји од Азија, Африја и Европа и за жал нивото на еколошката свест и однесување не е секаде на највисоко ниво, рече Тутман.

Инаку, пластиката во морето се разградува за 450 години, алуминиумските конзерви 200 до 500 години, дрвото 13 години, хартијата две до четири недели…

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Јадранот со јачина од 4,6 степени според Рихтер

Ана Ололовска

Нов земјотрес во Јадранскто море во близина на Улцињ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Двометарска ајкула снимена во плиткото на јадранскиот остров Корчула

Жарко Настоски

ВИДЕО: Ајкула-Црногорка уловена во Петровац, локалните жители ја викаат „лисица“

Жарко Настоски

Силен земјотрес во Јадранско море, почувствуван во Далмација и Италија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мистериозна девојка изведе опасен танц со јадранската бура

Жарко Настоски