Јадранка Косор со пари на партијата купувала брошеви, менѓуши, привезоци

Од:

Јадранка Косор потрошила 700 евра а брош, менѓуши од 370 евра, привезок во вредност од 350 евра и дополнителни услуги за гравирање и дизајнирање на скапоцените подароци кои изнесувале 400 евра. Сите тие пари биле платени од касата на нејзината парија ХДЗ, додека Косор била на нејзино чело.
Вчерен лист поседува четири сметкопотврди од две златари, кои биле издадени на ХДЗ меѓу 2010-тата и 2011-тата година, за накит и негово дизајнирање. Се на се ХДЗ нактитот за својата претседателка го платил приближно 2 илјади евра.

Најголемата сметка сепак доаѓа за 14 каратен брош со грбот на знамето на Хрватска. За тој партијата одвоила 700 евра, плус данок за луксузни добра од 30 отсто. Иако на сметката е наведен само артикл бројот, Вечерни лист тврди дека се работи точно за брошот кој Јадранка Косор го носела јуни 2011-тата на состанокот за завршеток на преговорите за пристапување на Хрватска кон Европската Унија.

Информацијата ја потврди и партијата, дека се откриени сметки со кои се докажува дека Косор, си ги плаќала соствените модни додатоци од касата на ХДЗ. Во ХДЗ не знаат колку точно пари поранешната премиерка потрошила, но се сомневаат дека се работи за многу повеќе од споменатите средства во хрватскиот весник. Каде е денеска тој накит никој не знае.
“Накитот кој е купен на сметка на партијата, не успеавме да го пронајдеме никаде во нашите простории, а доколку увидиме дека навистина некој си отуѓил нешто што е купено од партијата, секако ќе бараме негово итно враќање“ – велат од ХДЗ.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он