Јадранка Косор едногласно исфрлена од ХДЗ

Од:

Судот на честа на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) денеска едногласно донесе одлука за исфрлање од партија на поранешната премиерка и претседателка на партијата Јадранка Косор.

На денешното судење, водено зад затворени врати, присуствуваше и Косор и изнесе низа забелешки. Таа побарала запирање на дисциплинскатра постапка и меѓу другото, побара јавна расправа, јави Хрватската радио телевизија.

Откако ги изнела забелешките, таа ја напушти расправата, а пред новинарите изјави дека Судот без никакви консултации ги одбил нејзините приговори.

– Одлуката за исфрлање на Косор е неправосилна и таа на неа може да се жали во рок од осум дена. Конечната одлука по жалбата ја носи Претседателството на партијата, соопшти претседателот на Високиот суд на честа Флоријан Борас.

Судот на честа заседаваше на барање на загрепскиот одбор на ХДЗ, а поради, како што тврдат, пречестите настапи на Косор во јавноста во кои ја вреѓала партијата и со тоа и нанела штета.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски