Извештај на Фридом хаус: Пад на Србија за две места, во споредба со минатата година

Од:

Србија сè уште е во групата на „делумно слободни“ земји и падна за две места во споредба со минатата година – на 64 место, според годишниот извештај на Фридом Хаус, објавен денеска, во кој се додава дека властите во Србија одговориле нетранспарентно на пандемијата на коронавирусот, соопшти агенцијата Бета.

Во категоријата политички права, Србија доби 22, од вкупно 40 поени, а во категоријата граѓански слободи 42, од вкупно 60 поени.

Во последните години, владејачката Српска напредна партија (СНС) ги нарушила политичките права и граѓанските слободи, правејќи притисок врз независните медиуми, политичката опозиција и граѓанските организации, се наведува во извештајот.

Полицијата со употреба на сила одговорила на протестите во Белград во јули, кога демонстрантите протестираа поради најавите за заклучување поради епидемијата со коронавирус, поради политиката на владата по други прашања и начинот како ја врши функцијата претседателот Александар Вучиќ. Полицијата ги нападна демонстрантите, случајните минувачи и новинарите додека се обидуваше да ги растера демонстрациите, кои траеја неколку дена, соопшти Фридом Хаус.

Како што се додава, официјални лица во Србија реагираа на пандемијата на нетранспарентен начин, ускратувајќи ги информациите за смртни случаи, а медицинските работници кои ги критикуваа постапките на владата во врска со пандемијата се соочија со одмазда и отпуштање.

„Слобода во светот“ е годишен извештај на Фридом Хаус за политичките права и граѓанските слободи, кој се состои од нумерички оценки и описни текстови за секоја земја и одредена група територии.

Новиот извештај го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година.

Србија доби максимум четири поени за секој од десетте индикатори за политичките права и за секој од 15-те индикатори за граѓанските слободи, така што максималниот број поени за политичките права е 40, за граѓанските слободи 60, или вкупно 100.

Србија, Црна Гора, како и пет други земји од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија, се во категоријата делумно слободни држави. Словенија и Хрватска, кои се членки на Европската унија, се означени како слободни држави.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов