Извештај на „Ембер“: Чистата енергија би можела да го преполови увозот на фосилни горива во Турција до 2030 година

Од:

Турција би можела да го преполови до 2030 година увозот на фосилни горива на кои се потпира за производство на електрична енергија со побрза транзиција кон чисти извори на енергија, објави „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на извештај на лондонската компанија „Ембер“.

Особено соларната енергија треба да биде витална компонента на таа транзиција, забележува компанијата, потсетувајќи дека во 2021 година Турција генерирала 50 отсто од својата електрична енергија од увоз на јаглен и гас.

„Со забрзана транзиција кон чиста енергија, земјата може да ја намали надворешната зависност од производството на електрична енергија на под 25 отсто до 2030 година. Но, ова бара енергијата од ветерот и сонцето да сочинуваат повеќе од една третина од вкупното производство на електрична енергија“, се вели во извештајот.

Се проценува дека за да се намали зависноста од увозот на фосилни горива, треба да се додаваат околу 4 GW нов капацитет за соларна енергија секоја година до 2030 година, при што сегашните стапки се движат околу само 1 GW годишно.

Инсталираната соларна моќност во Турција заклучно со август беше 8,8 GW.

За да се преполови зависноста од увозот на фосилни горива, капацитетот на еолската енергија треба да се зголеми околу тројно до 2030 година, од 11,1 GW до август 2022 година, се вели во извештајот, додавајќи дека тоа ќе значи околу 2,5 GW нов капацитет на ветерна енергија додаден секоја година до 2030 година.

Увозот на енергија сочинуваше околу една третина од вкупниот увоз на Турција во периодот јануари-септември, рече министерот за трговија Мехмет Муш на 4 октомври.

Сметките за увоз на енергија се зголемија за 135 отсто на годишно ниво на 73,85 милијарди долари во првите девет месеци од 2022 година, покажаа најновите податоци од Министерството за трговија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски