Израелски амбасадор: Очекувам Србија да ја дислоцира својата амбасада во Ерусалим

Од:

Израелскиот амбасадор во Белград, Јахел Вилан изјави дека очекува и „навистина верува“ дека Вашингтонскиот договор меѓу САД и Србија ќе биде целосно „материјализиран“, а Србија ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим и ќе го стави Хезболах на листата на терористички организации.

Вилан за весникот „Данас“ изрази уверување дека Србија ќе го исполни потпишаното, нагласувајќи дека амбасадите се наоѓаат во главните градови на секоја земја.

Запрашан дали неговата изјава дека Израел официјално го признал Косово на 4 септември влијаела на српско-израелските односи, тој истакна дека билатералните односи се „долгорочно доволно силни и се засноваат на многу подлабоки темели“ отколку на обични интереси.

На прашањето што мисли за спротивставувањето на ЕУ околу идејата за дислоцирање на српската Амбасада во Ерусалим, Вилан изјави дека за Израел „не постои нешто поприродно од гестот на пријателска земја да ја премести својата амбасада таму кадешто треба да биде секое дипломатско претставништво, а тоа е во главниот град на домаќинот“.

Израелскиот амбасадор смета дека позицијата на ЕУ не е „ништо ново“ за неговата земја, оценувајќи дека тоа е „тажно, како и многу други застарени концепти“.

Вилан потенцира дека не е планирано наскоро отворање амбасада на Израел во Приштина, истакнувајќи дека тоа е „повеќе прашање на буџет, отколку на политика“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов