Изгореа неколку возила на паркинг на трговски центар во Приштина

Од:

Голем пожар го зафати попладнево паркингот на најголемиот трговски центар во Приштина, „Алби мол“, кој се наоѓа на периферијата на косовската престолнина, при што изгореа седум или осум возила, јави дописникот на МИА од Приштина.

dobivaj vesti na viber

Според косовската полиција, противпожарните екипи стасале бргу на местото на настанот и успеале да го локализираат пожарот, во кој, според досегашните информации, нема повредени лица.

– Околу 13.40 часот во населбата Ветрник во Приштина, на паркинг за возила, пријавен е случај на пожар. Полициските единици веднаш излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека од огнот, кој се претпоставува дека е предизвикан од едно возило кое се самозапалило, изгореа/се оштетија уште неколку паркирани возила. Навреме се известени противпожарните единици, кои го локализираа пожарот. Моментно нема информации за повредени лица, туку само за материјални штети врз седум или осум возила, се вели во полициското соопштение.

Во Косово 9 Мај, Денот на Европа, е државен празник и, како и обично во неработни денови, трговскиот центар во кој се случи пожарот, е преполн со посетители, а огромниот паркинг преполн со патнички возила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Никаде не пишува дека Србија мора да го признае Косово

Патријархот Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово

А1он

Лајчак од денеска во тридневна посета на Косово

Ана Ололовска

Лајчак од утре во тридневна посета на Косово

Топ чанел: Двајца млади Косовци уапсени во Италија кои планирале терористички напад во Тренто

А1он

Напад со експлозивна направа врз објект на „Електрокосмет“ во северно Косово

Ана Ололовска