Изетбеговиќ: Во БиХ ништо не е српско, освен името Република Српска

Од:

Претседаелот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, денеска, по повод Денот на државноста на БиХ, што се одбележува само во Федерацијата БиХ, дека „секоја педа од таа државност е заедничка“ и дека „ништо не е српско, освен името на Република Српска“.

Изетбеговиќ коментарот го даде на вчерашната изјава на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за тоа дека „Бошњаците мораат да знаат дека БиХ не е нивна, а РС е исклучиво наша“, пренесуваат сааревските медиуми.

-Секоја педа од оваа земја е заедничка, ништо во БиХ не е српско освен името на Република Срспка, а не знам дали и тоа ќе остане доколку Додик продолжи со ваквите изјави“, рече Изетбеговиќ, честитајќи го овој, како што кажа, голем ден, роденденот на Босна и Херцеговина.

Според него, БиХ оди во вистинска насока, со потсетување дека станува збор за држава која постои илјада години, и како што кажа, ќе постои уште илјада.

Во тоа, кажа, е убеден.

Коментирајќи ја Програмата за реформи за НАТО, тој рече дека со тој документ е „ деблокиран патот кон НАТО што долго беше во застој, деблокирана е имплементацијата на реформата за одбрана, деблокирана е и работата на Парламентарното собрание на БиХ , формирањето на новите структури на власта….“.

-Тоа е еден добар документ. Му благодарам на Додик што направи таква работа, рече Изетбеговиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина