Изетбеговиќ: Пресудата во Хаг става печат на темен дел од историјата

Од:

Членот на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека пресудата за шестемина членови на раководството на босанските Хрвати за време на граѓанската војна става печат на еден темен дел од историјата.

Шесте хрватски политички и воени водачи од БиХ беа осудени на казни од 20 до 25 години затвор, а при изрекувањето на пресудата во Трибуналот во Хаг генералот Слободан Праљак на драматичен начин изврши самоубиство, пиејќи отров.

– Својата последна пресуда Трибуналот му ја изрече на Јадранко Прилиќ и на една група кои учествуваа во злосторничкото здружение и во политиката предводена од Фрањо Туѓман, изјави Изетбеговиќ.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски