Избори во Србија: На 26 април граѓаните на гласање

Од:

Парламентарните и локалните избори во Србија ќе се одржат на 26 април.

Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ, ја потврди информацијата гостувајќи на ТВ Прва.

Претходно, претседателот на државата, Александар Вучиќ, кажа дека изборите можно е да се одржат на 19 или 26 април.

„Најлогично би било да се одржат на 26 април, пред сè имајќи предвид дека неделата пред тоа е Велигден, а праксата е да се избегнуваат така важни празници. Не е непознато дека во Србија се одржаа избори на Ѓурѓовден во 2012 година или на Свети Јован во 2007 година. Но, тие датуми не се од важност за целата заедница, за разлика од Велигден, кој го празнуваат повеќе од 90 отсто од граѓаните на Србија“, рече неодамна извршниот директор на Центарот за слободни избори и демократија, Бојан Клачар.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов