Избори во Грција: Неизвесна битка меѓу Мицотакис и Ципрас

Од:

Грција денеска оди на општи избори на кои најверојатно нема да има јасен победник, а доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули.

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Избирачките места беа отворени во шест часот наутро (7 часот по грчко време), а затворени во 18 часот. Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Во 21 часот ќе бидат објавени првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, добива меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Анкетните агенции велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Нејасниот исход од изборите ќе доведе до неколкудневни преговори меѓу политичките партии за да се најде заеднички јазик и кохабитација во владата.

„Денешниот резултат е референдум или за политичка стабилност или за воведување влада без кормило“, напиша грчкиот весник „Прото тема“ во уводникот на својата насловна страница.

Доколку ниту една партија не победи, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на трите партии со најдобри резултати ќе им даде тридневен мандат за секоја обид да формира влада.

Сакеларопулу тогаш, доколку ниту една партија не успее, ќе назначи привремена влада која ќе ја води земјата до следните избори, околу еден месец подоцна.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди