Италијанскиот бизнисмен Бечети го доби спорот со Албанија на Арбитражен суд

Од:

Италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети се пофали дека го добил спорот со Албанија во Арбитражен суд, нарекувајќи го „победа во политичка војна со албанската влада“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– На историска зграда, на еден од главните плоштади во Рим, „Пјаца ди Спања“, се наоѓаат две огромни фотографии на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. На транспарентот пишува „Се борев против политичкиот прогон на една влада. Победив, сега јас зборувам“, пренесува Ора њуз.

На негов портал тој пишува дека ја добил оваа политичка битка, дека побарал 650 милиони евра отштета во Арбитражниот суд и дека му било дадено право да добие 110 милиони евра, што, пак, е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од Арбитражен суд.

Обесштетувањето е поради заплената на телевизијата „Агон канал“ во 2015 година, а во образложенето на судот стои дека тоа било „политички мотивирано“.

Според медиумите, отштетата што Албанија треба да му ја плати на италијанскиот бизнисмен е еквивалентна на социјалната помош за три години што им се дава на најранливите категории граѓани или еден процент од БДП на земјата.

Бизнисменот Бечети, албанските власти го товареа дека наводно „испрал“ 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение.

Налогот за негово апсење не се реализира бидејќи тој не беше во Албанија. Во меѓувреме, заедно со телевизијата „Агон чанел“, му беа запленети четири други компании во негова или сопственост на неговата мајка. Компаниите во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.

Обвинителството тогаш потврди дека истрагата започнала во 2014 година за кривични дела перење пари, затајување данок и фалсификување документи.

Би можело да ве интересира

Баша: Рама ја уби демократијата, не требаше да биде тука, туку пред правдата

А1он

Рама: Никој не може да и држи лекции на Албанија, а за „Отворен Балкан“ времето ќе покаже кој е во право

А1он

ЕК: Албанија со највисок процент на смртност во 2020 година

А1он

Бериша исклучен од парламентарната група на ПД, парламентот го прифати барањето на лидерот Баша

А1он

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава

А1он

Заев од Тирана: Културно-информативниот центар ќе придонесе за популаризација на уметноста на нашата земја во Албанија

А1он