Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа

Од:

Еден од најпознатите италијански обвинители во борбата против мафијата, Никола Гратери, изјави дека албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа и оти високото ниво на корупција во Албанија е главната причина за збогатувањето на албанската мафија во Италија, јавија албанските медиуми.  

Додал дека денеска во Европа постојат три опасни мафии: калабриската мафија Ндрангета, албанската  и северноафриканската мафија. 

Денес има три мафии, тука е Ндрагета, тука е албанската мафија, која веќе не е таа што ограбува вили, таа е доста структурирана, која се збогати во својата земја благодарение на застрашувачката корупција, а потоа е мафијата на третата генерација Јужноафриканци, додал тој. 

Обвинителот нагласил дека благодарение на големата корупција во Албанија лесно е да се компромитираат дури и јавните функционери. 

Според него калабриската мафија Ндрангета има „деловен“ обрт еднаков на 50 милијарди евра годишно, присутна е во Австралија, САД, Канада, Германија и оти  од 1 кг кокаин добивката е четирикратна и нема „поголема добивка од овој бизнис, кога грам кокаин се продава за 50 евра“. 

Гратери претходно алармираше за притисокот што албанската мафија го презема во Европа за контрола на трговијата со кокаин од земјите од Јужна Америка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски