Италијанската полиција уапсила албанска брачна двојка и запленила околу пет милиони евра

Од:

Италијанската полиција Guardia di Finanza уапсила албанска брачна двојка и запленила вистинско богатство, кое се состоело од околу пет милиони евра, вклучувајќи пари во готовина, златни монети и луксузни часовници.

Акцијата следувала по неколку истраги на брачниот пар кој бил под истрага за даночни кривични дела, 49-годишен бизнисмен и неговата сопруга, по што инспекторите наредиле претрес во нивниот дом.

-Во првите проверки, агентите пронашле само 64 илјади евра. Вистинската пресвртница во истрагата се случила кога било ангажирано „куче за пари“ Гризби, тренирано да препознава мирис на банкноти. Лабрадорот, открил што не можеле да најдат полицајците. Зад дрвениот ѕид се криела подземна просторија создадена во подрумски простор. Пронајдени се 4 црни чанти со 2 милиони и 585.000 евра во готовина, златници во вредност од уште 740.000 евра, 40 луксузни часовници со вредност од 813.000 евра, наведува Ора њуз повикувајќи се на италијаската полиција.

Акцијата се случила на 16 јуни во Мартиненго, провинција Бергамо, но веста за истата полицијата ја објавила денеска.

Инаку, истрагата открила голема неусогласеност меѓу пронајденото во сефот и бруто-приходите што ги пријавиле сопружниците во последните 10 години, а кои изнесуваат 235 илјади евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески