Италија испрати медицинска екипа и 500.000 маски во Албанија

Од:

Медицинска екипа составена од лекари и медицински сестри со искуство во лекувањето на заболени со Ковид-19 попладнево пристигна на аеродомот во Тирана.

„Екипа експерти во Албанија ќе престојува 14 дена и ќе реализира консултативни активности и ќе им помага на албанските колеги што треба да првземат од специфичен здравствен апсект во дијагностицирањето и борбата со Ковид-19, пренесуваат албанските медиуми.

Заедно со медицинската екипа прстигна и донација од 500.000 хирушки маски .

На аеродромот беа пречекани од италјанскот амбасадор во Тирана, Фабрицио Буци и министерката за здравство и социјална заштита,Огерта Манастирлиу.

Албанскиот претседател преку објава на Фејсбук искажа голема благодарност и признание за потегот.

„Голема благодарност и прзнание до нашата драга Италија, за тимот составен од седум лекари и медицински сестри, како и за 500.000 хируршки маски, кои ги испрати како помош во Албанија, со цел справување со последиците од Ковид-19. Италија останува незаменлив стратешки партнер на Албанија која отсекогаш била прва која ни помога дарежливо секогаш кога сме искусиле кризи и големи трагедии!Оваа солидарност уште повеќе ќе го зајакнат

одличниот однос меѓу двете земји и народи,напиша Мета на Фејсбук.

Албанија во време на пикот на пандемијата во Италија на двапати испрати екипи од по 30 лекари и медицински сестри ко по еден месец беа на припомош на италјанските колеги.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Земјотрес во Албанија