Италија бележи повеќе мигранти што во земјата стигнале преку Балканската рута

Од:

Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканската рута и покрај кризата со Ковид-19, оценува италијанската агенција АНСА.

– Земјите во регионот бележат значително зголемување на приливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Централна Азија. Овој феномен предизвикува дополнителен притисок врз јавниот здравствен систем во сите балкански држави, кои се соочуваат со зголемувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот, додава агенцијата.

Во анализата се потенцира дека бројките на откриени мигранти се далеку помали во споредба со оние забележани во 2015 година, но оти сепак мигрантскиот прилив од Турција и Грција преку Балканот кон Западна Европа на престанува и покрај фактот што земјите долж т.н. балканската рута официјално ги „запечатија“ своите граници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов