Истражување: Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Од:

Повеќе од 300.000 тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се разбуди солидарноста на граѓаните кон стотици гладни и бездомници, јавуваат хрватски медиуми.

Студијата неодамна објавена во меѓународното списание „Вејст менаџмент“ ги потврди претходно познатите податоци дека просечно 75 килограми храна по глава на жител се фрла годишно во Хрватска.

Надгледувани биле 115 хрватски домаќинства од мај до септември 2017 година и колку храна фрлаат. Кога тежината на фрлената храна се множи со бројот на жители, може да се заклучи дека само домаќинствата во Хрватска фрлаат најмалку 300.000 тони храна годишно.

Истражувачот Бранка Илаковац посочува дека 77 отсто од вкупната количина храна фрлена е на домаќинствата, додека околу 92 кг храна по глава на жител се фрлаат во Европа, од кои повеќе од половина се домаќинства.

Во Европа 88 милиони тони храна се фрлаат, а 1,3 милијарди тони храна ширум светот. Овошјето и зеленчукот – 46 проценти – сочинуваат скоро половина од вкупната количина фрлена храна во Хрватска, а потоа следат леб и колачи со девет проценти, компири со осум и месо со седум проценти, се вели во истражувањето.

Најмалку се фрлаат тестенини и ориз, млеко и млечни производи, четири проценти, риба и подготвени оброци по три проценти, колачи, бисквити и преработено овошје и зеленчук по два процента.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невреме во Хрватска, уништени покриви, откорнати стебла и искршени прозорци

А1он

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Ана Ололовска

Пленковиќ: Ми се чини дека Милановиќ штотуку сфати на каква функција е

Ана Ололовска

Милановиќ: Собранието е над штабот, кој всушност е ништо

Ана Ололовска

Пленковиќ: Ми ја инсталираа апликацијата за следење

Ана Ололовска

Милановиќ: Ситуацијата во Хрватска е како во филот „Вариола вера“

Ана Ололовска