Истражување: Од 2010 година Косово го напуштиле 189 илјади лица

Од:

Професорот по економија на Приштинскиот универзитет Рифат Бљаку тврди дека според истражувањето што тој го направил, бројот на азиланти од Косово во земјите на Европа од 2010 година изнесува околу 189 илјади, додека бројот на вратени во земјата е околу 60 илјади лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бљаку вели дека бројките се изведени врз основа на анализа на податоците од Меѓунаордната организација за миграција (ИОМ), Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Агенцијата за статистика на Косово и други извори.

– Профилот на албански повоен мигрант е млад, образован и квалификуван човек, кој гледа перспектива во тоа привремено да ја ублажи сопствената економска ситуација, изјави Бљаку за косовската државна телевизија РТК.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он