Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија

Од:

Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во туристичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Северна Македонија.

Тоа, според агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Орхид.

– Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашниот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции, наведува агенцијата.

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просторијата за сауна, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на вртата, за да ги извести дека пијалаците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика.

Брачниот пар Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов(37) во Албанија допатувале на одмор минатата недела, преку туристичка агенција, кое за жал било и нивното последно патување. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски