Истрагата утврди: Возачот изгубил контрола над автобусот од Полска

Од:

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над воланот, а за да се утврдат причините за несреќата, наредена е обдукција на жртвите и вештачење за интоксикација на возачот.

Несреќата што се случи утрото околу 5.25 часот на автопатот Горичан-Загреб во правец на Загреб кај градот Брезница ја истражуваше заменичката на жупанискиот правобранител на Вараждин, заедно со полициски службеници од полицијата во Вараждин, информираше на својата веб страница Државното обвинителство.

Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска, изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ потврди дека истрагата на местото на несреќата е завршена.

„ Автобусот е однесен на обезбеден паркинг. Што се однесува до предметите на патниците, тие се чуваат во просториите на полициската управа Вараждин. Тие предмети ќе им бидат доделени на луѓето по барање од официјални институции“, рече тој.

„ Во автобусот имало 44 лица (42 патници и 2 возачи), 32 лица се згрижени, а 12 починале“, потврди Божиновиќ.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Турција: Најмалку две лица загинаа во верижен судар на два автобуси и камион

Горан Наумовски

Несреќа во Индија: Над 30 загинати, 18 повредени откако автобусот слета во провалија

Вештакот за Ласкарци: АБС системот на автобусот не бил исправен

А1он

Во автобуска несреќа во Австралија загинаа десет лица

Зад волан почина возач на ГСП, во несреќата има повредени патници

Горан Наумовски