Истрага на грчкото Обвинителство за поплавите на Евија

Од:

Со цел да се утврдат причините и евентуалната одговорност за поплавите на Евија во кои животот го загубија осум лица, меѓу кои и едно бебе, грчкото Обвинителство денеска отвори истрага, јавува МИА.

Според грчките медиуми, истрагата се однесува на евентуални кривични дела, а ќе опфати две паралелни истраги. Едната од Противпожарната служба за можни пропусти и грешки во справувањето со ситуацијата, а другата за евентуални нелегални градби.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера ги посети погодените делови од островот Евија и рече дека државата ќе им помогне на оние кои ги загубија нивните домови, бизниси или претрпеа материјална штета.

Би можело да ве интересира

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски