Исчезнати две лица по судир на чамец со мигранти и брод на грчката крајбрежна служба

Од:

Во тек е акција за пронаоѓање и спасување на две лица, меѓу кои едно дете, откако утрово се судри чамец што пренесувал бегалци и мигранти со патролен брод на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, источно од островот Кос.

Во чамецот што од турското крајбрежје се упатил кон Грција, имало 34 лица, а од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека од спасените, седум лица биле пренесени во болницата на Коса, меѓу кои има и една бремена жена. Двајца се повредени, а останатите петмина превентивно биле префрлени во болница.

Со три бродови на крајбрежната служба, два од Фронтекс, еден хеликоптер супер пума, приватни чамци, како и припадници на специјалната нуркачка единица продолжува спасувачката акција за пронаоѓање на маж и дете од Сирија.

Според првичните информации од грчката крајбрежна служба, чамецот со бегалци и мигранти немал никаква сигнализација, а ниту едно од лицата што се превезувале не носло елек за спасување. За време на судирот, бродот на крајбрежната служба бил на редовна патрола во морскиот дел.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на источен Самос подготвен да поднесе оставка ако грчката влада не отстапи од планот за бегалците и мигрантите

Здружението на новинари од Грција го осудува полициското насилство врз претставниците на медиумите

Ана Ололовска

СИРИЗА: Владата ги претвора островите во затвори за барателите на азил

Министерството за цивилна заштита на Грција побара за 15 дена да се испразнат нелегално окупираните објекти

Се затвораат бегалските кампови на грчките острови, на нивно место ќе се градат затворени центри

Ана Ололовска

Пецас: Комисијата за трговските ознаки има и други работи, освен промоција на „македонско од нашата Македонија“

Ана Ололовска