Исчезнати четири и спасени над 100 лица во близина на грчкиот остров Дилос

Од:

Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел јужно од островот Дилос, откако едрилицата во која имало над 100 лица, веројатно мигранти, почнала да тоне, била побарана помош и спасени се 108, а исчезнати четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека спасени се 63 мажи, 24 жени и 21 дете, четири лица биле пренесени во здравствениот дом на островот Миконос, а согласно она што го изјавиле спасените, исчезнати се четири лица.

Спасените се пренесени на Миконос, акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнатите, а според крајбрежната служба, ниту едно од лицата не носело спасувачки елек.

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски