Интервју за Фигаро на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис попладнево во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во интервју за францускиот весник Фигаро, Мицотакис објаснува дека има намера да ја сврти страната на десетгодишна криза, јави дописникот на МИА.

Мицотакис, односите меѓу Франција и Грција ги оценува како „историски, длабоки и трајни“.

– Излегуваме од десетгодишна економска криза и сме благодарни на Франција за нејзината солидарност.

Тековната состојба е толку критична што секоја наша одлука ќе постави рамка за утрешниот свет. Како премиер сакам да работам со претседателот Макрон за заеднички цели, и културни и политички, така што нашата европска иднина е привилегиран простор, наведе грчкиот премиер.

Според Мицотакис, потребна е Европа што одговара на клучните прашања, како климатските промени, кои ќе треба да ги задоволат потребите на секој нејзин граѓанин.

– Европа што ќе земе инспирација од нашето минато и ќе ја гарантира нашата заедничка иднина. Имам добри односи со претседателот Макрон и се согласувам за голем број европски приоритети, како што е заеднички буџет, зајакнување на одбранбената соработка и други области, како што се новите програми „Еразмо“, наведе Мицотакис.

Грчкиот премиер во интервјуто ја акцентира потребата од „итна акција за решавање на ефектите од климатските промени“

На прашањето на „Фигаро“ што ќе му предложи на претседателот Макрон за ова прашање, Мицоаткис одговара:

– Очекувам дека нашата средба ќе биде кардинална точка за зајакнување на нашата соработка. Додека зборуваме, сè уште сме во состојба на борба против пожари и мора да се справиме со тоа секојдневно. Јас ќе му предложам на претседателот Макрон да биде во првите редови на напорите на Европскиот совет да обезбеди европскиот механизам за цивилна заштита, да има постојани и стабилни структури потребни за справување со итни случаи, наведе Мицотакис.

Тој во интервјуто се осврнува и на односите на Грција со Турција потенцирајчи дека Атина се залага за „мирен соживот врз основа на правилата за добрососедство и меѓународното право.

– Тоа е камен темелник на нашата надворешна политика. Ова ги засега сите и секако Турција, која е важен сосед и партнер на НАТО. Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателот Ердоган за заеднички предизвици како имиграцијата. Сепак, меѓународното право е секогаш одлучувачко во нашите постапки. Одбраната на суверените права на Грција е обврска за секоја грчка влада. Денес, народот е обединет и се стекнува национално едногласност, посочи Мицотакис.

Грчкиот премиер во ова интервју за Фигаро воопшто не зборува за односите со Република Северна Македонија и европските перспективи на Западен Балкан.

Во однос на миграциската политика Мицотакис најави промена на грчката национална политика.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски