ИНСТАТ: Популацијата во Албанија забрзано старее

Од:

Во второто тромесечје од годинава во Албанија забележано е нагло намалување на наталитетот во земјава.

Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, од април до јуни во целата земја се регистрирани само 5384 новороденчиња, што е за 14 отсто помалку од истиот период лани, но со речиси исто намалување во однос на првото тромесечје.

Гледано одделно по 12-те окрузи единствено во округот Пешкопеја (Дибра) произлегува дека има 12 бебиња повеќе споредено со првиот квартал од годинава, но сепак помалку од споредбениот период минатата година.

Во главниот град во вторите три месеци се родиле 1.940 бебиња, а лани во истиот период 2.141 бебе.

Од друга страна по падот на влијанието на корона вирусот има помалку смртни случаи, така што за три месеци починале 4.916 лица, што бележи намалување од 19,4 отсто споредено со второто тромесечје лани.

Иако според анализата на ИНСТАТ, природниот прираст за овој период е позитивен, со 468 родени повеќе од умрени, овде не се пресметува колку луѓе заминале од Албанија во Европската унија и другите земји.

Во мај, ИНСТАТ објави дека просечната возраст во Албанија изнесува 38,2 години, наспроти 35 години пред пет години, што уште еднаш го покажува брзото стареење на населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија