Инцко: Крајно време е за формирање влада во БиХ

Од:

Високиот претставник на Европската унија во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави дека е крајно време да се формира Влада на државно и на федерално ниво, како и во кантоните каде се уште не е воспоставена нова власт.

Инцко денеска во Анкара се сретна со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу и со други турски претставници со кој разговараше за ситуацијата во БиХ.

– Формирање на власта на сите нивоа мора да биде завршено без понатамошно одложување за да можат владите да почнат со работа и да ги решаваат сериозните проблеми со кои граѓаните се соочуваат. Сите влади мора да имаат иста листа на приоритети, а тоа е реформа на економијата, владеење на правото, отворање на нови работни места, борба против корупцијата и деблокирање на патот на БиХ кон евроатлантските интеграции, истакна Инцко.

Тој се заложи и за зголемување на странските инвестиции во БиХ и и се заблагодари на Турција на економската помош за БиХ.

– Масовната невработеноста, посебно на младите луѓе е огромен проблем. На БиХ и е потребна одржлива економија. Кредитот по ниска каматна стапка, што го обезбеди Турција претставува позитивен чекор. Покрај кредитите потребни се повеќе директни инвестиции од Турција за заздравување на економијата на БиХ, посочи Инцко.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници