Инцко: БиХ продолжува да се движи во надолна линија

Од:

Согласно својот мандат од Дејтонскиот мировен договор, високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко го поднесе редовниот извештај до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, во кој известува за спроведувањето на мир во БиХ во периодот од 21 октомври 2013 до 21 април 2014 година.

Инцко нотира дека Босна и Херцеговина продолжува да се движи по надолна линија, на која се наоѓа веќе осум години, како и дека политичките лидери се уште не постигнале напредок за голем број прашања, вклучувајќи ги и условите за напредување во евроатлантските интеграции.

Во делот за демонстрациите, кои почнаа во февруари, предизвикани од незадоволството на граѓаните од социјално-економската ситуација, Инцко протестите ги окарактеризира како „повик до избраните функционери и политички партии во БиХ да го сменат пристапот, посебно кога станува збор за мрежите на корупција кои го подриваат јавниот сектор“.

Тој изрази жалење поради кусиот период, на почетокот на демонстрациите, кога изби насилство, но истовремено јасно истакна дека правото на мирни протести мора да се поддржи.

– Цврсто веруваме дека проактивно и ангажирано општество, кое бара одговорност од избраните лидери, е од клучна важност за демократската иднина на земјата, истакна Инцко.

Тој се осврна и на зачестените изјави на функционери од Република Српска, со кои се оспоруваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

– Суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина се гарантирани со Уставот на земјата и меѓународното право, вклучувајќи го и Мировниот договор. Согласно Уставот на БиХ, ентитетите се составни делови на оваа земја и немаат можност за отцепување, потенцира меѓународниот претставник.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници