Инциденти на протестот против вакцината и задолжителната имунизација во Солун

Од:

Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација.

Попладнево во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите, а ангажирани се над 5.000 полицајци.

Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења, предмети и молотови коктели, по што полицијата интервенираше со солзавец, шок бомби и топови со вода, а инцидентите траеја кусо.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, со учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Традиционално, на првиот ден од саемот синдикатите одржуваат протести.

Саемот започна денеска и ќе трае до 19 септември.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани ќе влегуваат во Грција под истите услови како и во претходниот период

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција

Три од десет случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години

Катерина Павлова-Николовска

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците

Условите за влез во Грција за македонските граѓани остануваат исти уште една седмица

Катерина Павлова-Николовска