Инциденти меѓу бегалци и локални жители на грчкиот остров Лерос

Од:

Ситуацијата на грчкиот остров Лерос е тензична по неколку инциденти меѓу бегалци и група локални жители, јавија атинските медиуми.

Инцидентите се случиле откако 200 бегалци започнале протести во централното населено место на островот, изразувајќи стравување за своите животи, бидејќи во прифатниот центар каде престојуваат, имало „опасни елементи од кои се плашеле“. Нивното барање да бидат префрлени на друго место не било исполнето.

Судири меѓу бегалците и локалното население од поголем интензитет биле спречени по интервенција на полицијата.

Претставници на невладини организации и на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) изразија незадоволство од ситуацијата на островот во последните денови.

Би можело да ве интересира

Трагедија на карпестиот брег на грчкиот остров Лезбос

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

Горан Наумовски

450 луѓе се евакуирани од Лезбос

Горан Наумовски

Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос

Папата Франциск ќе го посети грчкиот остров Лезбос

Членови на невладини организации во Грција им помагале на мигранти да стигнат до Лезбос

Жарко Настоски