Инцидент во БиХ: Момче дојде на училиште со вистински пиштол, полицијата веднаш реагираше

Од:

Ученик од Босна и Херцеговина дошол на училиште со вистински пиштол и им го покажал на другите ученици.

Ученик во Чазин донел пиштол на училиште, потврдија од МВР. Набрзо во училиштето пристигна полициска патрола во придружба на социјален работник, а со ученикот и неговата мајка е извршен разговор. Многумина тврдат дека ученикот им го покажуваше пиштолот на други ученици, но тој сепак тврди дека не го направил тоа, туку цело време го држел на сигурно.

Мајката на момчето доброволно ѝ го предаде на полицијата пиштолот ЕКОЛ П29. За инцидентот е известено Кантоналното обвинителство на Бихаќ.

Би можело да ве интересира

Забележани снајперисти на српскиот протест во Босна и Херцеговина

Горан Наумовски

Нова трагедија во БиХ: Ја уби сопругата, па се самоуби

Горан Наумовски

Девојка тешко претепана во хотел, уапсен е сопственикот на објектот

Трагедија во Мостар: Ги гледаше скоковите од Стариот мост, падна и почина

Горан Наумовски

За година и пол повеќе од 150.000 Руси влегле во БиХ

Земјотресот во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска