Инцидент меѓу турски и кипарски патролен брод

Од:

Турски патролен брод испукал неколку предупредувачки истрели кон мал кипарски брод на крајбрежната полиција, додека вториот бил на редовна патрола за справување со мигрантиските бранови на островот, соопшти портпаролот на кипарската полиција Христос Андреу, говорејќи за телевизијата „Сигма“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Андреу, инцидентот се случил околу 3.30 часот утрово за време на редовна патрола во северниот дел на Република Кипар, кога на 11 наутички милји на кипарскиот брод „со агресивни намери“ му се приближил турски брод.

-Бродот на крајбрежната служба беше мал со тричлен екипаж и гледајќи ги намерите на турскиот крајбрежен брод и за да се избегнат дополнителни инциденти се повлече, а во некој момент, на околу четири наутички милји, се чини дека турскиот брод испука предупредувачки истрели кон нашиот брод, кој во продолжение стигна на пристаништето, а турскиот го напушти местото, објасни портпаролот на полицијата на Кипар за телевизијата „Сигма“.

Фото: Кипарска новинска агенција

Би можело да ве интересира

Германецот Кунц пред промоција во нов селектор на Турција

А1он

Директорот на Фронтекс во посета на бугарско-турската граница

А1он

На Кипар 80 отсто од населението вакцинирано со една доза

Ана Ололовска

Двајца турски војници загинаа во нападите во Сирија и Ирак

Ѓунеш веќе не е селектор на Турција

А1он

Во Турција од почетокот на годината задржани речиси 100 илјади мигранти