„Има таков народ“ не побарал поддршка од Движењето за права и слободи за идната бугарска Влада

Од:

Лидерот на Движењето за права и слободи (ДПС), Мустафа Карадаи, по средбата во Националното собрание си претставниците на победничката партија на изборите во Бугарија искоментира дека повеќе од нивните идеи се совпаѓаат со оние на партијата „Има таков народ“, иако имаат и разлики.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ДПС нема да и даде безусловна поддршка на владата на „Има таков народ“. За ДПС неотповиклив услов е: враќање на нормалноста во политиката и демократијата, што значи дека парламентот се враќа на своето место според Уставот на Бугарија, како и создавањето добра бизнис клима во земјата.

Според лидерот на ДПС, важен е персоналниот состав на идната бугарска Влада, иако Движењето, додаде тој, не сака да номинира министри.

Од своја страна, претседателот на парламентарната група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов, по средбата коментираше дека двете партии разговарале за приоритетите и дека не побарале поддршка за идната влада. Јорданов коментира дека владата е важна, додавајќи дека ова е одговорност на „Има таков народ“ и дека нема да бараат совети од никого.

-Не побаравме поддршка од ДПС, рече Јорданов, и додаде дека тие им понудиле луѓе.

Би можело да ве интересира

Поранешните технички министри, Кирил Петков и Асен Василев, го претставија својот политички проект „Продоложуваме со промената“, со кој влегуваат во бугарската политика

Ана Ололовска

Бугарија: ГЕРБ сe врaти на првото место во довербата кај граѓаните

Ана Ололовска

Поранешниот бугарски претседател Плевнелиев го одбил Борисов да биде претседателски кандидат на ГЕРБ за изборите во ноември

Ана Ололовска

Средба Заев – Ајкхорст: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа

А1он

Бугарската телеграфска агенција предлага балканските агенции да формираат „Балканска соба за вести“

А1он

Бугарскиот претседател Румен Радев ја претстави новата привремена влада