Им ги сечевме главите, кршевме коски и потоа се одеше во мелницата за месо – сведоштво на член на кланот на Беливук

Од:

Ние ги извршувавме задачите кои ги планираа и ни ги задаваа Вељко Беливук и Марко Милјковиќ. Ова се зборовите на сведокот-соработник и припадник на бруталниот клан на Беливук, Бојан Хрватин. Против припадниците на кланот вчера беше покренато обвинение испишано на преку 300 страници, а кое се однесува на најбруталните злосторства, за кои обвинителството за Беливук и за Милјковиќ побара доживотна затворска казна.

– По секое убиство, во куќата на Ритопек, машината за мелење место, како и просторијата-бунар, детално беа чистени со солна киселина и со варикина. Од телата се ослободуваме така што прво ги сечеа главите, а потоа и екстремитетите, коските ги кршевме, се стававаме во корито, па во машината за мелење. Се што беше сомелено се ставаше прво во пластична, а потоа во платнена кеса, рекол Хрватин опишувајќи ги грозоморните детали.

Тој потврдил дека телата на жртвите никогаш нема да бидат најдени затоа што остатоците биле фрлани во Дунав.

– Вреќите ги носевме до Дунав. Се влегуваше со вреќата во вода до половина, со скалпел се сечеше дното на вреќата и се се истураше во реката, вели еден од последните уаспсени припаднци на кланот.

Неговиот исказ, даден вденаш по апсењето е составен дел од обвинението. Хрватин го призна учеството во убиствата на Горан Величковиќ Гокси, Здравко Радојевиќ, Милан Лјепоја и на Лазар Вукичевиќ, четири од петте за кои засега се товоари кланот.

Сведокот-соработник открил и дека кланот имал и процедура и оти после секое злосторство се ослободувале од униформите и јакните кои ги купувале пред убиствата.

– Вреќите, кесите, гардеробата, ножевите, секирите, се што беше користено го палевме на пола пат од Дунав до куќата во Ритопек. Тоа се правеше во дупки за некој да не го забележи огнот, раскажувал Хрватин.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски