Илјадници животински мрши во надојдените води во БиХ

Од:

Илјадници мрши на угинати животини се наоѓаат во надојдените води во поплавените подрачја на БиХ, а се заканува и опасност од зарази доколку тие итно не се отстранат, поради што претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир побара дополнителна помош од Хрватска.

– Може да се случи епидемиолошка катастрофа доколку дојде до распаѓање на телата на угинатите животини. Тоа би можело да предизвика големи проблеми и да ги контаминира објектите и земјата, изјави Будимир за локалните медиуми во БиХ, истакнувајќи дека во земјата нема доволно специјализирани тимови кои сами ќе ја завршат  работата.

Будимир, по консултациите со осиечко-барањскиот жупан Владимир Шишљагиќ, предложи да се ангажраат сите расположливи моторни чамци и други пловила за животинските мрши да се отстранат од водата и на тој начин да се спречи можноста од избивање на зарази.

Неговото барање е проследенио на разгледување пред хрватските власти, јави агенцијата Хина.

Како што се проценува, илјадници животински мрши плутаат низ поплавените подрачја од босанска Посавина. Само во општината Домаљевац има околу 5.000 мрши крупна стока и домашни птици од кои околу 2.000 крај патот меѓу Босански Шамац и Орашје.

Ветеринарните стручњаци во БиХ вчера предупредија дека остана многу малку време за отстранување на мршите од угинатите животни во поплавите.

Според Јамин Феризовиќ, претседател на Ветеринарната комора на ФБиХ, животинските мрши мораарт да се отстранат најдоцна 72 часа од моментот на угинувањето, бидејќи во спротивно се закнува избивање на зарази.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници