Илјадници невакцинирани здравствени работници во Грција испратени на принуден одмор

Од:

Нешто помалку од 6.000 невакцинирани здравствени работници во Грција веќе добија решенија за принуден, неплатен одмор, а Федерацијата на вработени во државните болници, денеска ќе одржи нов петчасовен прекин со работата и протест против задолжителната вакцинација.

Од Федерација уште еднаш потенцираат дека не се против вакцината и повторно упатуваат повик сите здравствени работници да се имунизираат, но паралелно додаваат дека „нема да дозволат нивните колеги да ги загубат работните места“ и нема да дозволат целосна неорганизираност на здравствениот систем, „поради мерката наметната без причина“.

Протести, исто како и минатиот четврток, закажаа во Солун и во Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Министерството за здравство на Грција синоќа објави дека биле издадени 5.895 решенија за принуден, неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници.

Мерката, што грчката Влада ја соопшти во јули, вчера стапи во сила, а на принуден, неплатен одмор заминуваат оние кои не примиле најмалку една доза од вакцината или немаат потврда за прележан Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани ќе влегуваат во Грција под истите услови како и во претходниот период

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција

Три од десет случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години

Катерина Павлова-Николовска

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците

Условите за влез во Грција за македонските граѓани остануваат исти уште една седмица

Катерина Павлова-Николовска