Илјадници лица присуствуваа на погребот на убиениот грчки рапер Павлос Фисас

Од:

Над 2.000 лица присуствуваа денеска на погребот на грчкиот рапер и хип-хоп пејач Павлос Фисас, кој беше убиен од припадник на неофашистичката партија Златна зора.

Фисис, кого пријателите го опишуваат како антифашистички активист, почина вчера во раните утрински часови како последица на убодни рани од нож, кои ги здобил при напад од страна на член на Златна зора во едно кафуле во предградието на Пиреја, Керацини.

За време на погребот може да се слушнат антифашистички пароли, а беа пеени и песни на Фисас.

Полицијата веќе го уапси 45-годишниот напаѓач, кој признал дека е член на Златна зора, но неговиот идентитет не е соопштен.

Нападот го осудија сите политички партии, а свое телевизиско обраќање со осуда на убиството денеска имаше и грчкиот премиер Андонис Самарас.

Лидерите на Златна зора се оградија од нападот и го осудија, нагаласувајќи дека партијата нема ништо заедничко со убиството.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен