Иконому: Со отворањето на училиштата помал број случаи на Ковид-19 кај децата во споредба со јули и август

Од:

Во првата седмица од отворањето на училиштето, бројот на случаи на Ковид-19 кај учениците беше помал отколку во јули и август, месеците кога немаше ниту настава, ниту масовни тестирања, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), Иконому посочи дека во месец јули, седмично во просек имало по 4.324 случаи на Ковид-19 кај деца од 4 до 18 години, во август биле 4.738 случаи, а во првата седмица од почетокот на учебната година имало 3.559 заразени деца.

-Како што произлегува од официјалните податоци на ЕОДИ, отворањето на училиштата, преку зголемениот број тестови и зголемувањето на имунизациската покриеност, значително е намалена циркулацијата на вирусот кај учениците во споредба со претходниот период, истакна Иконому.

За почетокот на академската година, повтори дека невакцинираните студенти, задолжително ќе се тестираат два пати седмично со ПЦР или рапид тестови и истакна дека досега, над 75 отсто од студентите или примиле една доза од вакцината или прележале, а над 91 процент од наставниот и истражувачкиот кадар се вакцинирани.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди