Иконому: Предлогот на Ципрас за гласање недоверба на владата е потег за оставање впечаток

Од:

Господинот Ципрас, гледајќи дека неговото политичко влијание се намалува, а политичката иднина на неговата партија е несигурна, се обидува да направи потег за да остави впечаток, потег што сепак е целосно предвидлив, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментирајќи го доставениот предлог од лидерот на СИРИЗА за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому истакна дека тридневната расправа во Парламентот ќе биде одлична можност за дискусија за сите теми, а граѓаните „ќе имаат уште една шанса да слушнат за економијата, за инвестициите, за владеењето на правото, за заштитата на земјата, за дигиталната трансформација, за здравјето, за безбедноста, за управувањето со кризи, да слушнат за остварувањата на Владата, која Ципрас бара да си замине“.

-Граѓаните ќе имаат можност да слушнат за низа прашања што ги засегаат, кои влијаат на нивните животи и сами да извлечат заклучоци, рече Иконому.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас претпладнево достави до парламентот предлог за гласање недоверба на, како што рече, „најлошата влада во земјата по падот на хунтата“.

Тридневната расправа во парламентот ќе започне утре, а ќе заврши во недела со гласање на пратениците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција